Другарки направиле селфи, па паднале од 30 метри висина: Не ни знаеле дека ова ќе биде нивната последна фотографија

Точка

16/09/2020

17:42

7.239

Големина на фонт

а а а

Моника Медеирос (19) и Бруна Веласкез (18) трагично починале додека биле во посета на водопадот Салто Каваирес Лајес во Бразил.

Неразделните другарки тргнале во авантура и се фотографирале на самиот врв на водопадот. Се испоставило дека тоа била нивната последна фотографија.


Едната девојка се лизнала шетајќи се по работ, додека другата изгубила рамнотежа обидувајќи се да ја спаси другарката.

Падот од 30 метри бил кобен за двете, со тоа што Бруна Веласкез починала на лице место, додека Моника Медеирос им подлегнала на повредите во болница.

View this post on Instagram

"Se tu lutas, tu conquistas..." ?

A post shared by Monique Medeiros (@nique_medeiross) on

Девојчињата се погребани во родниот град Лајес, а нивните пријатели споделуваат емотивни пораки на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

?

A post shared by ????? ?????????? (@vllqzbru) on

„Требаше да го прославиме 19-от роденден на Бруна на 28-ми септември. Беше толку млада и убава“, гласел еден од коментарите.

Како што пренесуваат локалните власти, водопадот Салто Кавеирес Лајес е забранет за посетители, меѓутоа, тоа не ги спречува многубројните љубители на природата да се фотографираат на тоа место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг