Апокалиптични сцени од Русија: Во последните неколку денови овде е невозможно да се живее...

Точка

16/09/2020

10:42

3.851

Големина на фонт

а а а

Од руски Краснојарск пристигнуваат неверојатни сцени - илјадници најразлични инсекти направија вистинска инвазија на градот.

Инсектите го „нападнаа“ градот во текот на викендот, а најлошо беше во понеделникот. Луѓето во неверување гледаа што се случува во нивниот град, а шетањето низ градот практично беше невозможна мисија.

Експертите за руските медиуми велат дека во градот пристигнале огромен број на таканаречени „зелени муви“ и дека тоа што се случува не е така необично.

Популацијата на инсекти во овој регион практично „експлодираше“ поради топлото време, а во градот завршиле затоа што ова е време на миграција кон околните планини.

Инсектите за луѓето не се опасни, но би можеле да предизвикаат промена во вегетацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг