Фасцинантна снимка од тестирањето на новиот ракетен систем на „NASA“ – брдото „како да гори“

Точка

07/09/2020

17:00

3.546

Големина на фонт

а а а

Добиените податоци ќе бидат искористени за понатамошен развој на „Artemis“ проектот.

Агенцијата „NASA“ тестирала нови ракетни системи „SLS“ во својата база во Јута (на запад од САД) и малтене го запалиле целото брдо.

Тестирањето е многу важно за иднината на вселенската програма „Artemis“ која што би требала да ги испрати астронаутите на Месечината до 2024-та година.

Системот треба да ја покренува огромната ракета „Orion“, способна да ја освои длабочината на вселената.

Целиот потфат успешно бил спроведен, а добиени биле податоци кои ќе бидат искористени за понатамошниот развој на проектот, вреден над 34 милијарди долари.

Препорачуваме да ја погледнете снимката за да стекнете слика за силата на ракетниот погон: