36 свадбари во Хрватска позитивни на коронавирус

Макфакс

05/09/2020

22:00

1.997

Големина на фонт

а а а

Од вчера, потврдени се 33 нови случаи на инфекција со коронавирус во Бјеловарско-билогорската жупанија во Хрватска, а тие луѓе биле заразени на истата свадба.

„Ги добивме првите наоди и 33 лица се позитивни. Од таа свадба имаме и три случаи од претходно, така што сега бројот на заразени од прославата се искачи на 36, а 233 лица кои се поврзани со венчавката во моментов се во самоизолација“, рече главниот епидемиолог на округот Весна Гргиќ.

Таа соопшти дека се уште се чекаат некои резултати, па може да има и повеќе заразени, пренесува порталот „Индекс.хр“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг