Нов кризен удар во Барселона, претседателот Бартомеу обвинет од каталонската полиција

Дерби

04/09/2020

10:49

1.394

Големина на фонт

а а а

Хаосот во Барселона е топ тема во светските медиуми во овој момент. Разбирливо е дека најмногу се истакнува случајот со Лео Меси, но незабележани не поминуваат ни останатите кризни работи во клубот.

„Ел Мундо“ јавува дека управата на Барселона се соочува со уште поголеми проблеми затоа што за нив има обвиненија поради коруптивни скандали.

Станува збор за наводна измама која е поврзана со консултантска компанија за социјалните мрежи која била ангажирана од страна на Барселона.

Според медиумот, обвинението се заснова на тоа што Барселона платила дури 600% повеќе од реалната цена на консултантската компанија.

Бартомеу се соочува со тешки кризи во таборот на Барселона, на една година до претседателските избори во клубот кои веројатно ќе ги загуби доколку овој хаос и безредие продолжат и во следниот период.