Кај ТЦ Мавровка, претпладнево почна уривањето на дивоградбата. Донесена е и градежна механизација, а локацијата ја обезбедува локалната полиција.
Уривањето на дивоградбата го врши ЈП за Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Инаку, Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница која што беше одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, да донесе одлука за ангажирање на потребната механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.
Рушење на објектот пред МавровкаNis rrënimi i objektit te Mavrovasja
Рушење на објектот пред Мавровка
Posted by TV21 on Wednesday, September 2, 2020