„Погледнав во принцезата, а нејзините трепки се помрднаа“: Сакале да го фотографираат мртвото тело на Дајана, а потоа...

Точка

31/08/2020

16:45

7.291

Големина на фонт

а а а

И по 23 години, таа и понатаму е најпопуларната личност на британското кралско семејство.

Денеска е 23-годишнина од смртта на принцезата Дајана, која што со својот партнер Доди Ал Фајед почина во сообраќајна несреќа обидувајќи се да побегне од папараците кои што во Париз го следеле секој нејзин чекор.

Иако поминаа повеќе од две децении и понатаму во јавноста се појавуваат детали, кои што досега биле помалку познати.

Имено, Дајана беше една од најпопуларните жени на светот, а нејзините фотографии достигнувале милионска вредност, па поради тоа папарацо фотографите по нејзината смрт се обиделе да добијат „ексклузива“.


Нејзиниот возач, Кокин Тебут, пред три години првпат проговорел за несреќата која што се случила во главниот град на Франција.

„Телото беше сместено во една болничка соба која што немаше завеси. Забележав фотографи како се качуваат на другата зграда и балконот од болницата.

Беше многу жешко во Париз, ставив ќебе на прозорецот за да спречам да го фотографираат нејзиното тело, а поради жештината го вклучив вентилаторот.

Погледната во принцезата и видов како нејзината коса и трепките се помрднуваат. Никогаш нема да ја заборавам таа сцена“ - изјавил некогашниот возач на принцезата Дајана.