Сончево и топло со температури до 36 степени

Макфакс

29/08/2020

10:01

784

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и се потопло време со пораст на дневната температура. Особено топло ќе биде во недела и понеделник, кога во најголемиот дел од земјава температурата ќе надминува 35 степени. Од вторник за неколку степени ќе бидат пониски температурите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг