Снимена смртта на рускиот генерал во Сирија: Јунакот на Палмира го убила автомобил-бомба

Точка

21/08/2020

21:14

6.988

Големина на фонт

а а а

Моментот на смртта на високиот воен советник во ранг на генерал-мајор, Вјачеслав Гладких во Сирија се гледа на снимката.

Видеото од местото на несреќата се појави на канал на Телеграм, под име „Гласник Дамаска“.

На снимката се гледа дека конвој на возила што стојат на патот и неколку луѓе одат по него, од кои еден зборува на руски. Во моментот кога луѓето поминуваат покрај еден од автомобилите, се активира експлозивна направа.

Претходно беше објавено дека починатиот Русин учествувал во ослободување на Палмира. Во моментот на неговата смрт, бил дел од група воени советници кои им помагале на Сиријците во Деир ез-Зор.

Смртта на Гладиких стана позната на 18-ти август. Експлозивната направа, наводно, била активирана покрај патот по кој што одел конвојот, кој се враќал од хуманитарната мисија. Тоа се случило во близина на нафтеното поле At-Time, во близина на градот Деир ез-Зор, во северна Сирија. Заедно со генералот убиен е и командантот на националната одбрана на градот Ал-Меадин, Мухамед Таисар Аз-Захир и неговите подредени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг