Кој му ставил отров на Навални во чајот? Се појави нова снимка од кафетеријата на аеродромот

Точка

20/08/2020

19:10

6.682

Големина на фонт

а а а

Главната уредничка на телевизијата “RT”, Маргарита Симонјан, објавила снимка на својот профил на Телеграм на која се гледа дека чашата од која пиел рускиот опозиционер Алексеј Навални ја добил од својот помошник.

“На снимката од надзорните камери на аеродромот во Томск се гледа како Навални седи на масата без пијалак, Подоцна, чашата му ја носи Илја Пахомов, вработен во Фондацијата за антикорупција и помошник на Навални. Тоа значи дека никој не можел да знае за кој се припрема напитокот”, заклучила Симонјан. 

На Навални претходно денеска му се слошило на летот од Томск кон Москва. Авионот итно слетал во Омск, а опозицискиот лидер бил пренесен во болница каде паднал во кома.

Подоцна, заменик главниот лекар во болницата во Омск, Анатолиј Калиниченко, соопштил дека неговата здравствена состојба е стабилна. Засега се претпоставува дека Навални бил затруен со нешто што му било ставено во чајот на аеродромот.