Се огласиле лекарите: Еве во каква здравствена состојба е Навални

Точка

20/08/2020

17:26

3.685

Големина на фонт

а а а

Лекарите успеале да ја стабилизираат состојбата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и моментално во тек е воспоставување на дијагноза, изјавил денеска заменик шефот на Ургентниот центар во Омск, Анатолиј Клинченко.

"До сега имавме неколку консултација со сојузните центри, со експерти и сите мислат дека сите третмани и дијагностички напори се спроведени правилно. Фактот дека успеавме да го стабилизираме, да добиеме моментална клиничка слика, дава причина за оптимизам во врска со неговата прогнозирана состојба", рекол тој, пренесува "Tas s". 

Прес службата на регионалното Министерство за здравство соопштило дека Навални е во нормална кома и дека уште е на машина за вештачка вентилација на белите дробови.

На Навални му се слошило на летот од Томск за Москва, а неговата портпаролка Кира Јармиш изјавила дека тој веројатно е отруен.

Во кафулето каде пиел чај не знаат ништо за труењето

Вработените во аеродромското кафуле во Томск, каде рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пиел чај пред летот, не знаат ништо за неговото наводно труење.

Како што пренесува "Tas s", полицијата ги испрашала вработените во кафулето, а тие не знаат ништо за тоа, а многумина од нив не знаеле ни кој е Алексеј Навални.

Агенцијата, повикувајќи се на неименувани извори, пренесува дека руските сили за ред не ја разгледуваат верзијата дека Навални е намерно отруен, иако прелиминарната дијагноза по примањето во болница била дека е отруен со психодислептици, како и дека нешто проголтал самиот.