Термо камера лоцирала корона-забава: 200 луѓе се собрале во двор, прескокнувале ограда, интервенирала полицијата

Точка

20/08/2020

12:55

2.926

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Манчестер со термо камера лоцирала 200 лица кои присуствувале на забава и покрај забраната поради коронавирусот, а снимката била објавена на официјалната веб страна на полицијата.

Во саботата, на 15-ти август, полицијата во 22:10 часот била повикана да интервенира во еден двор во југоисточната населба Гортон, бидејќи било пријавено дека на таа локација има забава, било соопштено од полицијата. 

По доаѓањето на место на настанот полицијата искористила термо камера вградена во дрон. На објавената видео снимка може јасно да се види колку луѓе присуствувале на забавата и дека никој не се придржувал со социјалното дистанцирање.

Видливо е дека имало и такви кои прескокнувале огради за да се приклучат на забавата, пренесува "Kliks.ba".

"Инцидентот е неприфатлив и неразбирлив. Мило ми е што судот го уважи нашето барање да се продолжи со затворање на овој објект за 48 часа за да бидеме сигурни дека нема да има други илегални големи собири", рекол инспекторот Џим Адамс.

Претседателот на градското собрание на Манчестер, Најџел Марфи за забавата рекол дека претставува тешко кршење на мерките против коронавирусот и истакнал дека здравјето мора да биде поважно од било што.