Мавровската природа и сите нејзини благодети, е она што ги тера луѓето да се навраќаат во ова место. Сега, вљубениците во планинската клима ќе имаат уште една причина да дојдат и да искусат нешто ново од Маврово. Од неодамна, под падините на Бистра, нов белег и енергија на Мавровскиот туризам му донесе „Mia's Favorite Hotel“.
На веќе добро позната локација на поранешен хотел Срна, Mia's Favorite Hotel е композиција на традиционалниот мавровски дух со една нова, модерна нота. Во целост реновиран, просторно проширен, Mia's Favorite Hotel на своите гости им нуди престој кој со сигурност ќе ги исполни нивните очекувања.
Сега, како и во периодот што следи, Mia's Favorite Hotel ви овозможува и престој со ваучерите за домашен туризам.
Што може да очекувате за време на летните денови?
Mia's Favorite Hotel нуди можност за разни активности кои ќе ги разубават деновите од вашиот летен одмор во Маврово.
Кајакарење по Мавровското езеро, параглајдерство, можност да изнајмите и да возите велосипеди се само неколку од понудите.
За сите љубители на риболовот, хотелот обезбедува и дозвола за риболов. Во договор со Националниот парк, на своите гости, Mia's Favorite Hotel им обезбедува дозволи за риболов и тоа во два достапни термини во текот на денот.
Mia's Favorite Hotel работи по сите стандарди и протоколи кои се потребни за безбеден и пријатен престој на своите гости во овој период. Хотелот ги презема сите мерки за заштита, како на своите вработени, така и на своите гости. Просториите во хотелот, како и надворешниот дел, постојано се дезинфицираат и одржуваат по сите препораки. Собите, пред доаѓањето на секој гостин, се чистат и се дезинфицираат со Ултравиолетова ламба како еден од најефикасните начини за стерилизација на просториите.
Грижата за хигиената и одржување на хотелот е една од примарните задачи на угостителите. Нивната љубезност и професионалност ќе го направат вашиот престој едно навистина прекрасно искуство.
Гостите во Mia's Favorite Hotel повеќе не мора да се разделуваат од своето милениче за време на патувањата. Миленичињата се добредојдени во хотелот бидејќи тој е исто така и „Pet Friendly“.
Уредувањето на ентериерот во собите е на високо ниво и нуди загарантиран комодитет и уживање. За своите гости, „Mia's Favorite Hotel“ има одлична достапност на интернет во секоја просторија, а за уживањето да биде целосно, во секоја соба гостите имаат пристап до „Netflix“ и можат да уживаат во голем избор на филмови и серии без дополнителен паричен надоместок.