Одговор на критичарите: Русите наскоро објавуваат комплетна документација од истражувањето на вакцината

Точка

14/08/2020

21:12

3.039

Големина на фонт

а а а

Руската вакцина е направена на платформа на која веќе се реализирани шест други производи.

Русија планира во наредните неколку дена да ја објави комплетната документација од клиничките истражувања на новата вакцина против коронавирусот, изјавил министерот за здравство на Руската Федерација, Михаил Мурашко. 

Тој оценил дека критиката насочена кон руската вакцина во голема мерка е поврзана со тоа што е потребно да се има "многу повеќе информации за истражувањето на истата", со оглед на тоа дека не знаат сите дека оваа вакцина е направена на платформа на која веќе се реализиарни шест други производи.

Мурашко рекол дека и покрај тоа што вакцината веќе е пуштена во производство, клиничките истражувања ќе продолжат и во иднина.

"Во наредните неколку дена ќе ја објавиме комплетната документација на сите клинички испитувања", нагласил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг