Гризман: Сигурен сум дека ќе останеме во Лисабон до 23 август

Дерби

13/08/2020

16:51

1.136

Големина на фонт

а а а

Антоан Гризман е убеден дека Барселона ќе стигне до крајот на актуелното издание на завршниот турнир на Лигата на шампионите, кој се одржува во Лисабон.

Французинот е свесен за квалитетите на следниот противник Баерн Минхен уште во четвртфиналето, но смета дека Барселона допрва ќе ги прикаже најдобрите игри.

– Си подготвив багаж за да останам во Ливерпул до 23 август (терминот за финалето). Дури си го донесов и мојот „плејстејшн“.

– Имаме уште три натпревари на кои треба да победиме, но сметам дека поседуваме доволен квалитет за такво нешто. Секоја екипа меѓу учесниците може да победи на еден натпревар, – изјавил Гризман.

Четвртфиналето меѓу Баерн Минхен и Барселона се игра утре од 21 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг