Комисија предлага учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава

Точка

13/08/2020

13:14

1.151

Големина на фонт

а а а

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука предложи учениците до 3-то одделение да одат во училиште, додека пак останатите да учат од дома преку онлајн настава.

Оваа информација ја потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

„За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи“, изјави Филипче за „МИА“.

Предлогот на Комисијата за заразни болести наскоро ќе се разгледува на седница на Владата, по што ќе биде донесена конечна одлука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг