Регистрирани 139 новозаразени со Ковид-19, почина пациент од Охрид

Макфакс

12/08/2020

15:18

3.605

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на Kовид-19 oд кои во Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6 и четворица во Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6 и еден од Неготино.

Во изминатите 24 часа во болнички услови починал 66-годишен пациент од Охрид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.217, бројката на оздравени пациенти е 8.487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.200. Денес се евидентираат пет контролни теста. Согласно со новите бројки, статистиката на активни случаи по градови е следна:

• Скопје 5.239, активни 1.057

• Куманово 1.193, активни 264

• Дебар 221, активни 122

• Штип 1002, активни 342

• Прилеп 347, активни 35

• Тетово 1103, активни 173

• Струга 493, активни 159

• Велес 238, активни 25

• Битола 171, активни 71

• Охрид 304, активни 77

• Кавадарци 134, активни 102

• Гостивар 606, активни 304

• Гевгелија 26, активни 15 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 43, активни 27

• Крива Паланка 28, активни 14

• Радовиш 36, активни 11

• Крушево 16, активни 3

• Кочани 120, активни 28

• Пробиштип 64, активни 18

• Демир Хисар 49, активни 31

• Македонски Брод 57, активни 44

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 10, активни 6

• Валандово 7, активни 1

• Виница 35, активни 31

• Делчево 6, активни 1 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 3

• Свети Николе 250, активни 86

• Кичево 220, активни 128

• Ресен 146, активни 11

• Неготино 32, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјава се направени вкупно 119.102 тестирања за Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76, од кои на кислородна поддршка се 27 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, а 6 пациенти се суспектни.

Во болницата „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани се 73 пациенти, од кои на респираторна машина се шестмина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг