Една лажица дневно лечи аритмија и ангина пекторис: Овој народен напиток е спас за лицата со срцеви проблеми

Точка

12/08/2020

14:55

2.819

Големина на фонт

а а а

Кога ќе почувствувате непријатности како прескокнување на срцето и болка во градите, користете го овој народен лек.

Стресот е еден од најголемите предизвикувачи на срцеви заболувања. Современиот живот нѝ го диктира забрзаното темпо и големата количина на стрес со кој се соочуваме, а во целата трка најчесто страда срцето.  

Овој народен еликсир може да ја ублажи аритмијата и да ја намали болката предизвикана од ангина пекторис.

За припрема ви се потребни:

- 10 свежи стебленца од магдонос (без корени)

- 1 литар домашно црвено вино

- 2 лажици вински оцет

- 300 гр. природен мед


Начин на припрема:

Ставете 10 свежи стебленца од магдонос заедно со листовите во 1 литар чисто природно вино и додајте 1-2 лажици чист вински оцет, а потоа варете 10 минути на тивок оган.

Потоа додадете 300 гр. природен мед и оставете да се вари на тивок оган уште 4 минути. Процедете го врелото вино и ставете го во шишиња кои претходно ќе ги дезинфицирате со високопроцентен алкохол.

Талогот кој ќе се формира не е штетен и може слободно да се консумира.

Примена:

Напитокот се користи секој ден, по 1 супена лажица додека не престанат тегобите. За посериозни болести, потребно е да се користи подолг временски период.

Напомена: Пред употребата на овој народен лек, задолжително консултирајте се со лекар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг