Тензии на Медитеранот, Турција не попушта: Во морето поставуваме кабли долги 1,750 километри

Точка

12/08/2020

18:28

3.470

Големина на фонт

а а а

Турција планира до 23-ти август да постави два кабли за сеизмички истражувања на енергетски извори во Средоземното море, изјави турскиот министер за енергетика, Фатих Донмез.

Турскиот министер на својот профил на Твитер порача дека каблите ќе бидат поставени, само еден ден подоцна откако грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас порача дека Грција нема да прифати истражувања во источниот дел на Средоземното море.

Шефот на грчката дипломатија ги повика турските власти да се откажат од идејата за истражување во водите на Медитеранот, но јасно е дека Турција воопшто нема намера да попушти.

Како што соопшти Донмез, каблите за истражување кои ќе ги постават турските бродови ќе бидат со должина од 1,750 километри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг