Каде уште се чува супстанцата која речиси го уништи Бејрут: Дали овие земји треба да стравуваат?

Точка

11/08/2020

22:00

5.359

Големина на фонт

а а а

Постојат строги прописи за тоа каде амониум нитратот може да се чува и колку долго.

По страшната експлозија во Бејрут, предизвикана од амониум нитрат, ширум светот се појавила загриженост за неговото складирање. 

Хемикалијата на широко се користи во целиот свет, како ѓубриво или како експлозив за рударство.

Меѓутоа, постојат строги прописи за тоа каде може да се чува и колку долго, а локацијата обично се чува во тајност поради потенцијалот на соединението за правење на бомби, пишува "BBC".

Индија

Речиси 740 тони се чувале пет години во 37 контејнери на 700 метри од станбено подрачје, на околу 20 километри од Ченај, еден од поголемите градови во Индија.

За тоа време властите во државата Тамил Наду воделе легална борба против компанијата која го увезувала амониум нитратот од Јужна Кореја во 2015-та година, која тврдела дека е за земјоделска употреба.

Со истрагата било откриено дека компанијата ја набавила супстанцата со неважечка лиценца и дека се продава на неидентификувани приватни лица и компании кои претходно се занимавале со рударство.

Мала количина била отстранета откако била оштетена во поплавите во 2015-та година, а преостанатите 697 тони сега се продадени на аукција и пренесени во соседната држава Теленган.

Јемен

Државниот обвинител во воено уништениот Јемен наредил истрага откако во медиумите се појавиле извештаи дека повеќе од 100 контејнери амониум нитрат се чуваат во јужното пристаниште Аден.

Се наведува дека хемикалијата е увезена пред три години и дека ја заплениле силите под водство на Саудиска Арабија со поддршка на владата призната од ОН.

"Сите распоредени во ова пристаниште се одговорни за складирањето на овој опасен товар, за кој се проценува дека вклучува 4.900 тони амониум нитрат, сместен во 130 контејнери", рекол гувернерот на Аден, Тарик Салам.

Меѓутоа, владината корпорација во заливот во Јемен, "Aden Ports Corporation", соопштила дека контејнерите всушност се користат за складирање на земјоделско ѓубриво.

"Не се ни експлозивни ниту радиоактивни и не е забрането да се складираат", рекла корпорацијата.

Ирак

Владата на Ирак наредила итен преглед на опасните материи на пристаништата и аеродромите и открила дека амониум нитратот е складиран на меѓународниот аеродром во Багдад.

"Воени-инженерската управа на ирачкото министерство за одбрана безбедно ги пренесе високо опасните материја од отсекот за воздушен товар на аеродромот Багдад до нивното одредиште, складиштето на Воено инженерската управа", твитувал воен службеник на 9-ти август.

Австралија

Дури и пред експлозијата во Бејрут, луѓето во Њукасл и Нов Јужен Велс барале да се отстранат големите количини на амониум нитрат на околу три километри од центарот на градот.

Меѓутоа, "Oricа", компанијата која ја снабдува со експлозив рударската индустрија, рекла дека тој безбедно се чува во подрачја кои се отпорни на пожари и градени исклучиво од незапалив материјал.

Според некои податоци, амониум нитратот се чува на 170 строго регулирани и надгледувани локации ширум регионот.

Велика Британија

Започнала истрага за складирање на амониум нитрат во големото пристаниште во Линколншир во Имингам, како и на други места во регионот Хамбер.

"ABP", која управува со локациите, вели дека пристаништата во Велика Британија мора да се придржуваат до строгите прописи и да обезбедат дека овие материјали безбедно се ракуваат.

Во меѓувреме, компанијата со седиште во пристаништето на Портсмут, повлекла барање за складирање на амониум нитрат и соопштила дека супстанцата нема да мине низ локацијата.

Иако известувањето дошло по експлозијата во Бејрут, од компанијата велат дека тоа е од деловни причини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг