Видео кое ќе ви го скрши срцето! Кучето мавта со опашката, сопственичката само влегува во автомобилот и си заминува

Точка

11/08/2020

18:44

3.171

Големина на фонт

а а а

Снимката од жената која го оставила кучето и заминала растажила, но и разбеснила бројни љубители на животни на социјалните мрежи.

"Вака изгледа куче кое што е напуштено", напишале работници од здруженија за заштита на животни на Фејсбук покрај снимката. 

На снимката која ја објавиле се гледа жена која доаѓа со возило "Tesla", излегува од автомобилот и го пушта лабрадорот да излезе, кој е возбуден поради "прошетката во паркот". И додека кучето мавтало со опашката, неговата сопственичка го намамила во шумата пред со брз чекор да се врати во автомобилот и да замине.

Видеото е направено во Ванкувер и веднаш станало вирално на социјалните мрежи. Суровата глетка растажила многумина, а за од организацијата "I Paw’d It Forward" ја известиле јавноста дека кучето е добро згрижено.

Исто така откриле и дека е пронајдена суровата сопственичка, која има деца и сопруг и која најпрво не сакала да признае што направила, но подоцна открила дека лабрадорот се вика Хенри и дека има 13 години. Таа веднаш била пријавена за суровост над животни.

"Ова е најсуровата работа која можете да му ја направите на вашиот миленик. Зошто не можете да имате барем малку човечност, и доколку не можете да се грижите за него, предадете го во азил", е само една од реакциите на Фејсбук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг