ВМРО-ДПМНЕ: Македонија заради неспособноста на Заев е црна дупка во регионот и ризик за цела Европа

Макфакс

11/08/2020

09:19

479

Големина на фонт

а а а

Наместо справување со корона вирусот Заев и СДСМ само го лажат народот. Зоран Заев и владата предводена од СДСМ зборуваат за победа во борбата против епидемијата со КОВИД-19, но секојдневно се бројат новозаболени и починати, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Додека зборуваат за победа врз корона вирусот им се случи и кластер Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани. Случај за кој мора да има истрага веднаш и резултати од истата.

Наместо истрага и одговорност, следи заташкување и лажење на народот. Однесувањето на триото Заев, Спасовски и Филипче говори само за едно дека не се интересираат за здравјето на граѓаните. 

Триото Заев, Спасовски, Филипче не направи ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот. Победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна и постои само во главите на Заев, Спасовски и Филипче“ соопшти партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг