Солзавец, водени топови и светлосни гранати: Немирната ноќ во Белорусија низ 15 фотографии

Точка

10/08/2020

20:33

2.690

Големина на фонт

а а а

Практично веднаш по објавувањето на резултатите на претседателските избори во Белорусија почнале немири во земјата. Во повеќе градови излегле млади луѓе, протестирајќи против уште една убедлива победа на досегашниот претседател Александар Лукашенко.

Приврзаниците на опозицијата во белоруската престолнина излегле во центарот - кај споменикот на Победата. Полицијата веднаш го блокирала овој дел од градот. Почнале скандирања, фрлање со камења од една страна, и фрлање солзавец, шок бомби и водени топови од друга страна. 

Интернетот бил исклучен, како и градското осветлување на одредени улици.

Во судирот на полицијата и демонстрантите одреден број на луѓе биле повредени, додека стотина биле уапсени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг