Пирло е заљубен во подзаборавената ѕвезда на Реал и Зидан: На Јувентус му е потребен таков играч

Дерби

10/08/2020

10:50

2.806

Големина на фонт

а а а

Андреа Пирло во саботата беше претставен како нов тренер на Јувентус, потег кој и не беше до толку изненадувачки ако се знае дека италијанскиот првак веќе го доведе во своите редовите 10-тина дена претходно.

Првично Пирло беше назначен да го води тимот до 23 години, но откако управата реши да му врачи отказ на Маурицио Сари, истовремено одлучи да му даде шанса легендарниот Андреа.

Пирло кој нема никакво претходно искуство како тренер, дефинитивно ќе има „пеколно крштевање“ со својата прва работа како предводник на италијанскиот првак, а во недостиг на негово прво официјално интервју откако ја презема работата, италијанските медиуми потсетуваат на изјавите кои ги даде за време на корона паузата.

Тогаш Пирло сериозно се подготвуваше за следниот предизвик во кариерата и во разговор со Фабио Канаваро порача дека сака да го практикува системот 4-3-3, но исто така нагласи дека е отворен и за други варијатни.

– Зависи од играчите, но јас сакам формација 4-3-3, со сите играчи во шестката да имаат офанзивни карактеристики. Сакам посед на топка и добар проток на истата. Го сакам системот 4-3-3, но ако играчите не можат да одговорат на тоа, ќе мора да се адаптирам на друг систем. Ако се фиксирате за еден систем, а играчите не можат да одговорат, тогаш џабе го губите времето, – му порача Пирло на Канаваро, а медиумите потсетуваат дека играчот за врска е голем вљубеник во играта на Иско Аларкон, фудбалерот кој се загуби во ротацијата на Зинедин Зидан.

– Проблемот со Јуве е во средината. Го имаат Роналдо, но мора да најдат играч кој ќе ја движи топката до него. За да стигнеш до важен трофеј како Лигата на шампионите, потребен ти е играч како Иско. Клучот е во средниот ред, потребен ни е играч како Иско, – изјави Пирло за „Скај“ по елиминацијата на Јуве од Ајакс минатата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг