Пожар во висококатница во Чешка: Луѓето скокале од прозорци, 11 починати, меѓу нив и 3 деца

Точка

08/08/2020

21:48

2.271

Големина на фонт

а а а

Најмалку 11 лица починале во пожар во станбена зграда во Бохумин, на североисток во Чешка, соопштила полицијата.

Меѓу настраданите има и три деца.

Пожарот избил на 11-ти кат во зградата која има 13 ката, во попладневните часови. Пожарникарите велат дека пет лица се обиделе да побегнат од пожарот скокајќи од прозорец.

Еден пожарникар се здобил со повреди, рекол министерот за внатрешни работи, Јан Хамачек, пренесува „AP“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг