„Сè друго е бесмислено“: Доктор открива како во Русија моментално се лечат пациентите заразени со Ковид-19

Точка

08/08/2020

11:42

6.530

Големина на фонт

а а а

Веста дека вакцината против коронавирусот ќе се појави на 12-ти август, одекна во светот, а заслужни за тоа се Русите.

„Да се олесни состојбата кај пациентите кои што се заболени од коронавирусот моментално е возможно со помош на антитела, внесени интравенски, а сè останато е бесмислено“ - изјавил директорот на рускиот Национален истражувачки центар „Гамалеј“, Александар Гинцбург.

Како што изјавил тој, станува збор за концентрација на антитела, било да станува збор за крвна плазма или пак некаков препарат.

Гинцбург објаснил дека вакцината функционира привремено, додека пак антителата функционираат како терапија, односно во случај човек веќе да заболел од вирусот.


Претходно медиумите објавија дека коронавирусот може да се лечи со концентрација на ферментот ACE2, кој меѓу другото, се наоѓа во виното, кикириките, какаото...

Инаку, вчера заменикот на руското министерство за здравство Олег Гридњев, соопшти дека руската вакцина која што е направена во центарот „Гамалеј“, ќе биде регистрирана на 12-ти август.

Таа моментално се наоѓа во третата фаза од тестирањето, додека ефикасноста ќе може да се оцени тогаш кога ќе се формира имунитет кај популацијата. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг