„Користат експлозија за да го завртат народот против нас“

Точка

07/08/2020

20:29

3.654

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах денеска ги негирал наводите дека неговото движење е одговорно за експлозијата на пристаништето во Бејрут.

Тој рекол дека експлозијата сведочи за непотизам и корупција кои не смеат да се игнорираат во Либан и дека одговорните за тоа треба да одговараат пред законот.

Насралах сепак не ја исклучил можноста дека станува збор за ракетен напад или за саботажа, пренесува „AP“.


Рекол и дека складирањето експлозивни материјали како амониум нитрат на пристаништето толку долго време зборува 'делумно за занемарување, корупција, непотизам', кои не смеат да се игнорираат.

Тој исто така рекол дека домашните противници на Хезболах ја користат експлозијата за да го обвинат Хезболах и да го свртат јавното мислење против него.

Во стравичната експлозија која се случи во вторникот на пристаништето во Бејрут, загинаа најмалку 154 лица, а околу 5.000 се повредени



Спонзорирани линкови

Маркетинг