Лукашенко за болеста: Вирусот ми беше подметнат, истражуваме од кого

Точка

06/08/2020

20:59

3.641

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјавил дека не се разболел случајно од коронавирусот, туку, како што тврди, болеста му била "подметната".

"Ми го подметнаа коронавирусот. Сега тоа го истражуваме", рекол Лукашенко, пренесува "Sputnik". 

"Никогаш не го негиравме постоењето на коронавирусот, туку така интерпретираа медиумите. Како некој може да демантира нешто што навистина постои? Тоа е вистинска работа, а друго - поради фактот дека бевме многу внимателни во врска со вирусот, истиот се развиваше побавно отколку кај останатите. Дури знам и имиња на две лица кои го донесоа. Јас морав сето тоа да го контролирам. Можат и да ме убијат, но никаде нема да бегам", рекол Лукашенко.

Тој нагласил дека болеста ја прележал "на нозе", и дека имал полесна клиничка слика.

Според последните информации, во Белорусија се забележани 68.503 случаи на заразата на коронавирусот, од кои 580 лица починале.




Спонзорирани линкови

Маркетинг