Google идната година ќе претстави телефон на преклопување

Точка

06/08/2020

17:33

496

Големина на фонт

а а а

Интерните документи на Google кои „протекоа“ неодамна од компанијата укажуваат на тоа дека американскиот гигант идната година ќе претстави Pixel паметен телефон на преклопување.

Паметниот телефон се развива под кодното име Passport, а во документите е наведено дека станува збор за уред на преклопување кој ќе пристигне идната година. Покрај овој телефон, се споменува и Pixel 5A за вториот квартал од 2021-ва година, како и уште два уреди со кодно име Raven и Oriole за четвртиот квартал од идната година. Тоа би можело да бидат Pixel 6 моделите.

Планот на Google за паметен телефон на преклопување не би требало да биде изненадување, затоа што на минатогодишната I/O конференција беше потврдено дека се работи на таква технологија.


Лидерот на развојната програма во Google, Марио Квеироз изјави дека компанијата оваа технологија ја развива веќе со години.

Документите воглавно се однесуваат на развојот на Android за преклопни уреди и нема информации за конечниот план на тимот на Google. Поради тоа, можно е и самиот датум на пристигнување на овој уред да се промени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг