Хотелите со 5 ѕвезди треба да се засрамат – ''ѕирнете'' во најлуксузната вила во Дубаи...

Точка

06/08/2020

16:53

2.949

Големина на фонт

а а а

Куќите од соништата кои што најчесто остануваат во нашата фантазија, не се само мит - тие постојат и една од нив е наречена „One 100“.

Станува збор за ултралуксузна вила на Palm Jumeirah, која што се протега на 1.400 метри квадратни, а токму таа се нашла на пазарот за недвижнини со цена од 33 милиони долари.

Поради ентериерот на оваа вила хотелите со 5 ѕвезди можат да се засрамат, поседува и инфинити базен, теретани, две кина, лксузни автомобили како што се „Ferrari“, „Rolls Royce“...


Куќата моментално е во сопственост на Мајкл Адам Алибаи, а е декорирана со уметничка колекција која што дефинитивно предизвикува восхит.

Просторот на трпезаријата која што ја поседува е величенствен, а покрај спектакуларната храна ќе ве воодушеви и неверојатниот поглед кон морето.

Дневната соба исто така е ориентирана кон уметноста и поседува уникатен амбиент.

Покрај споменатиот базен, оваа вила има и приватна плажа која што нема да ве остави рамнодушни.

Спалните соби имаат единствен дизајн и декорација, баш каков што е случајот и со осумте тоалети, декорирани со италијански мермер.


Грандиозните гардеробери кои што ги поседува ќе ви овозможат доволен простор за вашите алишта.

Во вилата има над 30 уметнички дела, вклучувајќи и дела од францускиот уметник Ричард Орлински и финскиот скулптор Ер Арниј.





Спонзорирани линкови

Маркетинг