Истражување на д-р Њуберг: „Ова нешто е навистина моќно и може да ги излечи луѓето“

Точка

06/08/2020

16:09

2.960

Големина на фонт

а а а

Доколку редовно практикуваме молитва или пак медитација, нашиот мозок ја зголемува активноста, како и комуникацијата.

Д-р Ендру Њуберг, професор на Универзитетот Томас Џеферсон во САД и експерт по неврологија, објавил истражување и ја потврдил моќта на медитацијата и молитвите.

Доколку тоа редовно го правиме, нашиот мозок ја зголемува активноста, па затоа тоа треба да се сфати како физички тренинг на мозокот, кој што доведува до заздравување од различни болести, па дури и до развој на самиот мозок.

Добрата работа е во тоа што не мора да бидете монах за да уживате во благодетите на молитвата.

Водете грижа за себе, ценете го секој еден момент од вашиот живот, ќе бидете здрави!

Доктор Ендру го направил следниот експеримент:

Повикал стари луѓе кои што имаат проблем со помнењето да учествуваат во истражувањето, за да ги набљудува, пред, во текот и по молитвата.

Анализата била правена секојдневно во времетраење од 12 минути, цели 8 седмици.

Резултатите биле многу позитивни во смисла на здравствената корист.

Доктор Ендру тврди дека нашиот мозок се менува без оглед на религијата.

Друго истражување тврди дека оние пациенти кои што имаат духовна верба, побрзо реагираат на лечењето и имаат помалку симптоми.

Анализата била правена на вкупно 40.000 пациенти.

Истражувањето вршено во центарот за карцином во Флорида, открило дека оние пациенти кои што веруваат во моќта на молитвата, имаат поголемо физичко и психичко здравје од оние пациенти кои што не веруваат во тоа.

Една личност секогаш е изградена од три столба: физички, ментален и духовен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг