Најбогатиот човек во Русија: Кралот на златото рапидно го зголемува своето богатство...

Точка

06/08/2020

10:35

5.387

Големина на фонт

а а а

Сулејман Керимов и неговото семејство кое е најголемиот руски производител на злаато - „Полиус“, за прв пат се најдоа на врвот на листата на „Форбс“ како најбогат човек во најголемата земја на светот.

И покрај скокот на првото место во Русија на листата која ја објави „Форбс“, Керимов сепак го зазема „само“ 46-то место на глобално ниво. Неговото богатство се проценува на 24,7 милијарди долари.

Според „Форбс“, поради зголемената цена на златото, семејството на Керимов за прв пат стана најбогато во Русија. Од средата, богатството на семејството пораснало за 1,7 милијарди долари.

На второто место се наоѓа Владимир Потанин, еден од косопствениците на компанија за производство на метал и рударство „Норникл“, чие богатство се проценува на 24,3 милијарди евра.

Керимов инаку во јавноста е познат како „Рускиот Гетсби“ поради раскошниот живот и лудите забави кои ги организира.


Пред само 20-тина години овој математичар од Дагестан со својата сопруга живеел во двособен стан. Сепак, паметните инвестиции во енергетиката биле почетокот на неговата кариера која била погодена од две големи кризи, а иако многумина предвидувале негов банкрот, тој сепак успеал „да исплива на површина“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг