Две деца паднале од електричен тротинет пред училиште, едниот тешко повреден

Макфакс

30/09/2026

12:20

185

Големина на фонт

а а а

Двајца малолетници паднале од електричен тротинет во тетовското село Чифлик, при што едниот се здобил со тешки телесни повреди, додека другиот е полесно повреден. Случајот е пријавен во полицијата и извршен е увид на местото на несреќата.

Двајца малолетници се повредени откако паднале од електричен тротинет на локален пат во тетовското село Чифлик.

Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 29 септември околу 15:00 часот во СВР Тетово. Малолетниците се превезувале на електричен тротинет и паднале пред основно училиште во селото.

Едниот малолетник се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.