Четворица кандидати за премиер на Србија

Макфакс

05/08/2020

12:56

419

Големина на фонт

а а а

Покрај досегашната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, уште тројца истакнати членови на Српската напредна партија (СНС) имаат шанса да го преземат премиерското место, додека таа функција ја сака и сегашната вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, пишува белградски печат.

Вучиќ ќе избира меѓу Ана Брнабиќ, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, директорот на канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ и поранешниот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, според таблоидот „Ало“.

Во исто време, „Информер“ со ударен наслов „Зорана би сакала да биде премиер“, тврди дека Михајловиќ „лобира“ преку американската амбасада „да го притиснат Вучиќ за да ја стави на чело на владата“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг