Либанскиот премиер бара виновници за експлозијата: „Одговорните ќе ја платат цената“

Макфакс

05/08/2020

10:24

843

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Либан, Хасан Диаб изјави дека одговорните за големата експлозија во опасен магацин во пристаништето во Бејрут ќе ја платат цената за тоа.

„Ви ветувам дека оваа катастрофа нема да помине без одговорност… Одговорните ќе ја платат цената“, порача Диаб.

„Фактите за овој опасен магацин, кој е таму од 2014 година, ќе бидат објавени и нема да зборувам за истрагата однапред“, рече либанскиот премиер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг