Гиговска остро возврати на коментарот на Панчо: „Носете што ви душа сака!“

Точка

04/08/2020

20:36

8.444

Големина на фонт

а а а

Огромна бура од реакции предизвика Фејсбук статусот на Панчо од ДНК, кој ги искритикува девојките на сметка на тоа како изгледаат на плажа во костими за капење.

„Еве ме мене пак од Охрид, па чисто да ги потсетам 'лепотициве' дека НЕ секој ГА* е наменет за танга на плажа. Мислам имате огледало, многу е едноставно, се гледа. Као, дај имајте малце милост, стварно сакаме да спиеме навечер без кошмари. Намалете си ја тортата“, напиша Панчо на својот Фејсбук профил.

Музичарот веднаш се најде на мета на јавноста и доби осуда и критики речиси од цела Твитер заедница, од познати личности и здруженија.

Антониа Гиговска е една од оние кои не останаа рамнодушни на објавата на Панчо, па преку социјалните мрежи ги поддржа сите девојки, жени, мајки, повикувајќи да не се срамат од нивното тело.


„До сите девојки, жени, мајки. Не се срамете од вашето тело, ваше е. Секој од нас има некој период кога едноставно не е сè баш така лесно. Јас се трудам, но никогаш не се обвинив за моето тело во ниден момент. Носете што ви душа сака и чувствувајте се убаво во ваша кожа. Прекрасни сте. Го сакам моето тело“, напиша Гиговска на социјалните мрежи, каде собра многу позитивни коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг