Откриено е кога ќе бидат претставени игрите за новиот PlayStation

Точка

04/08/2020

18:45

679

Големина на фонт

а а а

Доколку мислевте дека треба да чекате уште многу до следниот State of Play настан, се лажете. Иако во изминатиот период повеќе се говореше за Xbox, Sony сега ги потврди гласините и најави нов настан за оваа седмица.

Новиот PlayStation настан ќе биде одржан веќе на 6-ти август и ќе биде посветен на third-party игрите, што значи дека нема да има најави на ексклузивите на PlayStation, туку на игрите кои ќе бидат достапни и на PC и Xbox.

Настанот ќе донесе неколку најави за веќе претставените PlayStation 5 игри, но фокусот примарно ќе биде на PS4 и PS VR наслови.


Сепак, постои можност да дознаеме нешто повеќе за новите игри за кои имаше тизер во јуни.

Претстојниот настан ќе биде временски пократок во однос на јунскиот посветен на ексклузивите и ќе трае околу 40 минути. Sony во официјалната најава појасни дека нема да има нови детали поврзани со хардверот, преднарачките и датумот на пристигнување на PS5.



Спонзорирани линкови

Маркетинг