Касиљас официјално ја заврши кариерата

Макфакс

04/08/2020

16:55

736

Големина на фонт

а а а

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас официјално стави крај на фудбалската кариера. Касиљас има 39 години, во мај минатата година доживеа инфаркт на тренингот на Порто и оттогаш не настапил на ниту еден натпревар.

„Денес е еден од најважните и на некој начин еден од најтешките денови во мојата кариера. Дојде време да се простам со фудбалот. 30 години се занимавам со фудбалот. Во текот на ова долго патување имаше убави и помалку убави моменти, имаше среќа и тага. Во овој период од животот и од оваа перспектива можам да кажам дека вредеше сѐ ова“, порачал меѓу другото Касиљас во отвореното писмо.

Икер Касиљас најголем дел од кариерата мина во Реал Мадрид, а дресот на Порто го носеше во последните пет сезони.

Со Реал освоил три титули во Лигата на шампионите, пет во Ла Лига, две во Купот на Кралот, Суперкупот на УЕФА, Светското клупско првенство и Интерконтиненталниот куп, четири во Суперкупот на Шпанија.

Беше член на шпанската репрезентација со која освои две европски (2008, 2012) и една светска титула (2010).



Спонзорирани линкови

Маркетинг