Селфи фотографијата од Џенифер Лопез открила многубројни детали од нејзината спална соба...

Точка

04/08/2020

17:12

5.901

Големина на фонт

а а а

Популарната пејачка објавила фотографија во опуштено издание, па ги воодушевила своите фанови.

Пејачката и латино дива Џенифер Лопез (51) на социјалната мрежа Инстаграм објавила селфи фотографија во лежерно издание, онаква на каква што не сме навикнале да гледаме често, па докажала дека за неа годините се само број.

Имено, овојпат Џенифер Лопез не била во гламурозно издание, туку облекла само сиви тренирки и бели патики.

Ставила и очила за сонце со зелени рамки, а имала и обетки на ушите, а потоа упатила и моќна порака:

„Емпатија: Способност за разбирање и ширење на чувствата на другите луѓе“ - напишала во описот на фотографијата.


На оваа фотографија собрала 1.2 милиони лајкови и безброј позитивни коментари во кои што ѝ пишувале дека е преслатка.

Но, покрај нејзината убавина и тинејџ комбинацијата, оваа фотографија открила многубројни детали од нејзината спална соба.

Во позадина се гледа огромен брачен кревет со скапоцена прекривка чија цена е над 100 илјади долари.

Таму има и „Гучи“ чанта, како и уште една скапоцена чанта. Преовладува бела-беж нијанса на боја, а покрај креветот, Лопез чува шишиња со вода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг