Балотели прави крајно неочекуван трансфер: Кариерата ја продолжува во Романија?

Дерби

04/08/2020

14:57

1.703

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот италијански фудбалер од редовите на Бреша, Марио Балотели би можел да реализира навистина чуден и неочекуван трансфер.

29 годишниот напаѓач сигурно си заминуваод клубот откако уште пред два месеци му беше покажана излезната врата.

Сега „Тутоспорт“ пишува дека Балотели се наоѓа пред изнанедувачки трансфер во ни помалку ни повеќе туку во шампионот на Романија, Клуж.

Во јавноста се појавија информации дека за трансфер на Балотели се заинтересирани и некои клубови од Турција и Аргентина, но голема е веројатноста тој сега да продолжи во романскиот шампионат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг