Пливачки подвиг на годината: Неверојатната Ледецки го преплива базенот со чаша млеко на главата и го зачуди цел свет

Дерби

04/08/2020

10:56

1.763

Големина на фонт

а а а

Кејти Ледецки на многу рана возраст се издвои како една од најдобрите пливачки на сите времиња, а каков всушност нестварен талент и потенцијал поседува Американката најдобар доказ е последното видео кое стана вирален хит на социјалните мрежи.

Младата Ледецки има пет златни медали од Олимписките игри и рекордни 15 златни медали на Светските првенства, па тоа воопшто не треба да чуди ако се погледне нереалното видео кое самата го сподели на Твитер.

Ледецки си даде сама на себе неверојатен предизвик кој тешко кој можеше да поверува дека ќе излезе успешно, но нејзиниот успешен подвиг е доказ дека за неа и невозможното станува возможно во базенот.

Кејти е до толку самоуверена и мирна додека замавнува со рацете во водата, што успеа цел базен да го преплива со чаша млеко на своајта глава.

Верувале или не, ниту една капка млеко не падна во водата, а таа даде и најоригинален коментар.

– Едно од најдобрите пливања во кариерата…



Спонзорирани линкови

Маркетинг