Тестирањето на антитела покажало дека 2,5 проценти од Италијанците имале коронавирус

Точка

04/08/2020

09:42

1.830

Големина на фонт

а а а

Тестирањето на антитела во Италија покажало дека речиси 1,5 милиони луѓе, околу 2,5 проценти од популацијата, биле заразени со коронавирус.

Властите кажале дека големите разликите во резултатите меѓу делови од земјата потврдиле дека воведувањето на забраната за движење била апсолутно клучна за спречување на тешка епидемиолошка ситуција на југот на земјата. 

Проценката дека околу 2,5 проценти од жителите биле заразени, е заснована на тестирањата спроведени од 25-ти мај до 15-ти јули на околу 65.000 Италијанци, избрани на основа на местото на живеење, годините и видот на работа која ја вршат.

Владата го спровела тестирањето за да дознае колку циркулацијата на вирусот била раширена во земјата, прва на Запад која била тешко погодена од епидемијата.

Тестирањето покажало дека 1.482.000 Италијанци ширум земјата дошле до контакт со коронавирусот и дека развиле антитела, што е шест пати повеќе од потврдените случаи на зараза во земјата.

Од епидемијата тешко биле погодени региони на северот на Италија, пред се Ломбардија и Емилија-Ромања, додека јужните имале неспоредливо помал број на заразени и починати од коронавирус.

Тестирањето ги потврдило големите географски разлики, бидејќи покажало дека 7,5 проценти од граѓаните на Ломбардија развиле антитела, за разлика до 1,9 проценти во соседниот регион Венето.

Разликите се големи и внатре во Ломбардија, меѓу нејзините провинции. Околу 24 проценти од жителите на Бергамо развиле антитела, а само 5,1 процент од жителите на Павија.

Во споредба со југот на Италија, разликите се уште поостри. На Сицилија само 0,3 проценти до жителите дошле во контакт со вирусот, а во шесте останати јужни региони помалку од еден процент.

Забраната за движење во Италија била меѓу најстрогите во Европа. Граѓаните смееле да излезат од дома единствено ако работат неизбежна работа, ако одат на лекар или купуваат неопходни производи.

Резултатите од тестирањето покажале дека 27,3 проценти од заразените немале симптоми, поради што и натаму е важно носењето на маски и држењето на дистанца, наведуваат властите.

Бидејќи првобитно била епицентар на епидемијата во Европа, Италија во најголема мера успеала да го спречи ширењето на вирусот. Претходните недели секој ден регистрирала меѓу 200 и 300 новозаразени, а повеќето од тие инфекции се поврзани со работници кои се враќаат од странство.

Во претходните 24 часа Италија пријавила 159 нови случаи на инфекција и уште 12 смртни случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг