Денеска температура до 40 степени, а утре нестабилно време и дожд

Макфакс

31/07/2020

08:26

836

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 34 до 40 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени, информираат од УХМР. 

Утре ќе има зголемена облачност и развој на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. 

Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5 до 6 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг