Секој втор пациент на респиратор не успева да го победи коронавирусот: Германска студија со загрижувачки податоци

Точка

30/07/2020

19:10

2.090

Големина на фонт

а а а

Секој втор пациент кој боледува од коронавирус и е приклучен на респиратор, не преживува, покажува студија од Германија.

Студијата објавена во "The Lancet Respiratory Medicine" го следела морталитетот на Ковид-19 пациентите. Во заклучокот на студијата е наведено дека една петина од хоспитализираните пациенти починуваат како последица на коронавирусот.

Кај лицата кои се приклучени на респиратор, смртноста е 52%, покажува анализата на научниот институт "AOK", како и Техничкиот универзитет во Берлин.

Од друга страна „само“ 16% од хоспитализираните Ковид-19 пациенти кои не биле на респиратор починале.


„Високата стапка на смртност јасно покажува дека на клиниките се наоѓа голем број на пациенти со тежок облик на заболување. Тешкиот облик на заболување се однесува пред се на постарите пациенти и лицата кои претходно имале нарушено здравје“, изјави Јирген Клаубер.

Студијата опфаќа пациенти кои во периодот помеѓу 26-ти февруари и 19-ти април биле хоспитализирани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг