Шведската тактика сега се покажува како успешна: Епидемиологот потврди дека кривата се движи надолу...

Точка

28/07/2020

17:01

3.055

Големина на фонт

а а а

Андерс Тегнел, главниот шведски епидемиолог денес одржа прес конференција на која откри дека бројот на новозаразени во земјата брзо опаѓа.

Шведска беше единствената европска земја која во март и април не воведе драстични рестриктивни мерки и токму поради тоа се најде на мета на критики.

„Кривата паѓа надолу“, изјави Тегнел на конференцијата за медиуми на која беше соопштено дека во Шведска во изминатите 24 часа имало само двајца починати пациенти и 34 новозаразени.

Од почетокот на пандемијата, како последица на Ковид-19 починаа 5,702 лица, а се заразија речиси 80 илјади.


„Позитивни вести, нема негативен тренд во Шведска. Генерално, ова е многу позитивна вест. Се чини дека наскоро ќе можеме и нормално да патуваме“, изјави Тегнел кој најави олабавување на мерките за патување.

Како што објасни главниот шведски епидемиолог, најпрвин ќе биде дозволено патувањето во регионите внатре во државата, за потоа и во земјите со ниска стапка на заразеност.

„Тоа практично значи дека и луѓето од Стокхолм наскоро ќе можат да патуваат, на пример, во Норвешка“, изјави Тегнел.