Често се чувствувате изморено и депресивно? Овие намирници ни ја ''крадат'' енергијата, а ги користиме секојдневно...

Точка

28/07/2020

11:46

3.760

Големина на фонт

а а а

На првото место се наоѓаат преработените производи и индустриски подготвените пијалаци.

Постојат намирници кои што нè полнат со енергија, но исто така и храна која што ни ја краде енергијата. Поради неа се чувствуваме изморено, без енергија, тромаво и понекогаш депресивно.

Крадливци на енергија

Крадливци на енергија се намирниците на кои што тешко им одолеваме. На прво место се преработените производи, брзата храна и индустриско подготвените пијалаци. Нивната заедичка особина е дека не содржат никакви витални хранливи материи, а изобилуваат со маснотии и шеќери.

На телото му ја одзема енергијата и претерано внесување кафе. Кафето во помали количини дава енергија, но по четвртото или пак петтото кафе може да се чувствуваме спротивно, изморено и без енергија.


Пржените зрна кафе содржат одредени материи кои што стимулираат глад и спречуваат апсорбирање железо. Тоа може да доведе до пореметување во снабдувањето на телото со кислород.

Производите кои што содржат многу шеќер, брзо го подигнуваат нивото на шеќер во крвта, но потоа следи нагло опаѓање на енергијата и замор.

Следната намирница на листата која што ја одзема нашата енергија е солта. Обидете се да избегнете претерано солени производи. Солта е полна со натриум кој што ја задржува водата во телото и предизвикува надуеност.


Црвеното месо исто така е намирница која што одзема енергија, таа содржи многу триптофан - аминокиселина која што има релаксирачки ефект на телото.

Алкохолот исто така има својство да го успори функционирањето на централниот нервен систем. Од друга страна пак тој доведува до несоница што значи дека по една чашка алкохол нивото на енергија тешко ќе се врати во првобитното ниво.




Спонзорирани линкови

Маркетинг