Сончево и топло време

Макфакс

28/07/2020

08:36

565

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопј сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. 

Под влијание на многу топла воздушна маса до петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. 

В петок во попладневните часови ќе има зголемена облачност и услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг