Поплава во Загреб, пожарникарите добиле илјадници повици

Макфакс

25/07/2020

14:03

875

Големина на фонт

а а а

Силно невреме синоќа ја зафати западна Хрватска и Загреб, а поројниот дожд предизвика поплави во центранлиот дел на главниот град.

Како што објави „Индекс.хр“, потопени биле повеќе улици, а бројни автомобили останале заробени под вода или биле целосно потопени. Поплавени биле и неколку куќи и објекти.

## https://twitter.com/kresoglavac/status/1286885965341097984?s=20##

Пожарникарите цела ноќ биле на терен. На 193 имало илјадници повици.

На некои места сообраќајот и утрово е ограничен.

На сила сè уште има предупредување за опасни временски прилики, но со пониско ниво од вчера. За Загреб на сила е портокалово предупредување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг