Несторовски: Жал ми е што не можевме да прославиме со навивачите

Макфакс

24/07/2020

10:44

894

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Удинезе ја одложија шампионската промоција на Јувентус. Синоќа „зебрите“ направија изненадување со триумфот над најтрофејниот италијански тим.

Удинезе до големата победа, со која речиси го обезбеди опстанокот во лигата дојде со голот на Фофана во 92 минута, откако 40 минути претходно Илија Несторовски ја поништи предноста до која Јувентус дојде со голот на Де Лихт во финишот на првиот дел.

Голот што го постигна Несторовски беше трет за него оваа сезона, прв на домашен терен. Претходно тој погоди против Рома во Рим и Сампдорија во Џенова.

„Многу сум среќен што придонесов за оваа историска победа на Удинезе. Заслуживме да победиме, особено сум радостен што продонесов со гол. Жал ми е што не можевме оваа победа да ја прославиме со нашите навивачи“, порачал македонскиот репрезентативец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг