Вооружување и пандемија: Телефонски разговор на двајцата најмоќни луѓе на светот

Точка

24/07/2020

10:05

1.399

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп на рускиот претседател Владимир Путин му порачал дека сака да избегне скапа трка со Русија и Кина кога станува збор за вооружувањето и дека се надева на напредок во преговорите за контрола на вооружувањето.

„Претседателот Трамп повторно изрази надеж дека ќе се избегне скапата тространа трка во вооружување помеѓу Кина, Русија и Соединетите Американски Држави и се надева на напредок на скорешните преговори за контрола на вооружувањето во Виена“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џад Дир.

Двајцата претседатели во телефонскиот разговор се осврнале и на иранската програма за развој на нуклеарно вооружување, информираа од Кремљ.


„И двете страни ја истакнаа потребата од колективни напори на одржување на регионалната стабилност и глобалниот режим за спречување на ширењето на нуклеарното вооружување“, соопштија од Кремљ.

Од Белата куќа не го споменаа Иран, но соопштија дека Трамп и Путин разговарале и за сузбивање на пандемијата на коронавирусот со истовремено отворање на глобалната економија.


Спороед американските власти, Кина како растечка нуклеарна сила треба да им се приклучи на САД и Русија во новиот договор. Но, сепак, 300-те нуклеарни боеви глави со колку што се проценува дека располага кинеската армија, се значително помалку од нуклеарниот арсенал со кој што располагаат САД и Русија.

Кинеските власти неодамна соопштија дека Кина би се приклучила на разговорите за контрола на вооружувањето со САД и Русија само доколку властите од Вашингтон се подготвени да го намалат својот нуклеарен арсенал на нивото на Кина, односно за 20 пати да биде намален амерканскиот нуклеарен арсенал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг